X
 27.10.2020 Живот

Победниците од натпреварот „Најдобар фотограф на временски појави“ ја прикажуваат величественоста на нашиот свет

Оваа година Кралското метеоролошко друштво и веб-страницата „Акуведр“ добија над 7.700 фотографии за нивниот натпревар за најдобар фотограф на временски појави за 2020 година. Од реки и облаци до грмотевици, сите фотографии го покажуваат влијанието на времето врз нашата планета.

Фотографот Рудолф Сулган ја освои главната награда за неговата фотографија од луѓе што го преминуваат мостот Бруклин среде снежна бура.

- Времето влијае врз нашите животи и оваа фотографија совршено го покажува тоа. Мостот обезбедува величествена заднина, во комбинација со снегот, ветерот и температурите. Сите тие елементи ја раскажуваат целата приказна и предизвикуваат морници кај сите што ја гледаат - вели Лиз Бентли, извршна директорка на Кралското метеоролошко друштво, која беше дел од судскиот панел.

Погледнете ги другите победници и финалисти.


Извор: Bored Panda
Фото: Rmets.org
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот