X
 27.11.2017 Култура

Компјутерска анимација од уништувањето на Помпеја предизвикано од Везув

Добра приказна за природна катастрофа секогаш фасцинира - и со оглед на тоа што навистина се случи, приказната за Помпеја е повеќе од фасцинантна. 

Закопан и застанат во времето кога се случила ерупцијата на Везув во 79-тата година пр.н.е, античкиот римски град предизвикува голем историски интерес уште од неговото повторно откривање во 1599 година. Бањите, куќите, алатките и другите предмети, фреските, графитите, амфитеатарот, Помпеја имала сè.

Урнатините на Помпеја, повеќе од кој било друг извор, на историчарите им дале можност да откријат каков бил животот во тоа време. „Ден во Помпеја“, изложба што се одржа во Музејот на Мелбурн во 2009 година, на повеќе од 330.000 посетители им даде шанса да го доживеат животот во Помпеја доста сликовито. На изложбата била вклучена 3Д-театарска инсталација во која била вклучена анимацијата подолу. Погледнете ја и ќе имате можност да видите како Помпеја е вратена во живот со помош на компјутерски генерирани слики.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура