X
 27.11.2019 Живот

Дали знаете колку е високо највисокото дрво во светот?

Оваа секвоја се наоѓа во националниот парк Редвуд во Калифорнија, но точната локација се држи во тајност за да се заштити од злонамерни луѓе.

Хиперион бил откриен на 25 август 2006 година од страна на научниците Крис Аткинс и Мајкл Тејлор во доста зафрлен дел од националниот и државниот парк Редвуд во Калифорнија. Се верува дека е стар од 700 до 800 години.

За да ја измерат неговата висина, научниците морале да употребат комплициран метод - да се искачат на самиот врв на дрвото и да спуштат јаже до земјата. На овој начин било измерено дека Хиперон бил висок 115,61 метри, со што ја добил титулата највисоко дрво во светот.

Истражувачите веруваат дека ова дрво би можело да биде повисоко од 116 метри, но поради штетата предизвикана од клукајдрвците, тоа застанало на 115,6 метри.

Иако неколку други дрвја биле повисоки од овој џин, повеќето од нив биле жртва на сечењето во регионот Редвуд во средината на 60-тите години. Всушност, повеќе од 90 отсто од шумите на државата биле уништени до 1978 година.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот