X
 27.11.2019 Образование

Договорена академска соработка меѓу УКЛО и ГЛОБСЕК

Договор за академска соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), претставуван од проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, и организацијата ГЛОБСЕК од Братислава, Словачка, претставувана од извршниот заменик-претседател Милан Солар е потпишан во насока на продлабочување на заедничките интереси на полето на академската, но и за подигнување на квалитетот на меѓународната соработка, со што се воспоставија релации за меѓусебна соработка заради зголемување на потенцијалот на своите активности во рамките на наставата, научните истражувања и проектната соработка во сферата на меѓународните односи, надворешната политика и интеркултурната комуникација.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и ГЛОБСЕК на средбата меѓу проректорот Ѓуровски и регионалниот претставник Јан Цингел ја потврдија заедничката подготвеност да соработуваат во научните, стручните и наставните области од заеднички интерес и да разгледуваат теми што произлегуваат од современите прашања и предизвици. Соработката ќе биде реализирана преку развивање ефективни, емпириски, теренски базирани стратегии и истражувачки проекти во рамките на различни програми за поддршка, како и одржување на заеднички меѓународни научни конференции и форуми, заеднички научно-стручни проекти, размена на информации и издавање на публикации, организирање семинари, работилници и конференции, двонасочна академска мобилност и мобилност на студенти, управување со квалитетот во областа на научноистражувачката работа и останати активности од заеднички интерес. Двете страни се заложија и за заедничко аплицирање за развојни, научноистражувачки и апликативни проекти финансиски поддржани од фондовите на ЕУ, разни асоцијации и фондации, странски амбасади, произлезени од соработката со стопанството и поткрепени од програмите за надворешна и безбедносна политика, приближување кон ЕУ и интегративна поддршка, анализа на јавните политики и администрација, енергетика и инфраструктура и сл.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование