X
 27.11.2019 Живот

Тргна во градинка и не сака да соработува, како да е во свој свет

Моето дете има 4 години. Пред неколку дена почна да оди во градинка, но таму само сака да игра со играчки и не слуша наредби од учителката. Учителката ми вели дека си прави што си сака, како да е во свој свет. Детето ми е комуникативно, темпераментно, не сакам да помислам дека би можело да има некој проблем.
Зборува повеќе на англиски јазик, но истовремено го разбира мајчиниот јазик (ромски), а го разбира и македонскиот јазик (помалку). Тој е свесен за градинката, јас му зборувам кога стануваме наутро дека сега ќе се измиеме, облечеме и одиме во градинка. „Таму треба да ја слушаш учителката, ќе имаш нови другарчиња, ќе научиш нови работи, да црташ, да броиш...“ и му кажувам дека тоа не е место само за играње. Ова му го кажувам на ромски јазик. Како да постапам?

Ова е прашање на читателка упатено до психолозите и психотерапевтите, соработници на Деца.мк.

Одговорот на психотерапевтот Наташа Маџевска, прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот