X
 27.12.2018 Образование

МОН ќе ги признае дипломите на Интернационалното француско училиште - ЕФИС

Министерството за образование и наука ќе ги признае дипломите на Француското интернационално училиште од Скопје, известија од ресорното министерство. Ова се само дел од придобивките што ќе следуваат откако францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и министерот за образование и наука Арбер Адеми вчера потпишаа меморандум за соработка.

- Со склучениот меморандум во Македонија ќе се признаваат дипломите доделени од страна на ЕФИС, кое француската амбасада го основа во 1999 година. ЕФИС работи како основно училиште со деца од шестгодишна возраст, согласно акредитацијата од Министерството за национално образование и Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција и според францускиот Закон за образование, додека школувањето на учениците во оваа институција е исто како во државното образование во Франција во однос на продолжувањето на школувањето и доделувањето свидетелства - велат од МОН.

Признаено и акредитирано во Франција, ЕФИС ќе го има овој статус и кај нас бидејќи со потпишаната соработка се овозможува учениците од ова училиште да го продолжат своето образование во средните училишта во Македонија. Оваа можност е согласно одредбите од Законот за средното образование. Француското интернационално училиште - Скопје (ЕФИС) е акредитирано за предметна настава во основното образование.

Целта на овој меморандум, како што изјави министерот Адеми, е да се зајакнат пријателските односи помеѓу двете земји и да се продлабочува институционалната соработка на нашите држави во областа на образованието.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование