X
 27.12.2019 Живот

Илон Маск: Не ви е потребна факултетска диплома за да работите во „Тесла“. Еве што ви е потребно

- Не ви е потребно да имате факултетска диплома за да работите за Илон Маск - напиша на својот твитер-профил извршниот директор на „Тесла“.

Во едно интервју Маск изјави дека дури не е потребна никаква образовна диплома за човек да работи во „Тесла“.

- Не е потребно да имате факултетска диплома, дури ни диплома за завршено средно образование - изјави Маск на прашањето дали зема предвид кој факултет го завршил кандидатот за работа.

- Ако некој дипломирал на престижен универзитет, тоа може да биде индикација дека е способен за одлични работи, но не е секогаш така. Ако погледнете во луѓе како Бил Гејтс, Лери Елисон, Стив Џобс, тие воопшто не дипломирале на факултет, но ако имате шанса да ги вработите, секако дека тоа би било добра идеја - изјави тој.

mask
Фото: Reuters


Наместо диплома од престижен универзитет, Маск изјави дека бара „докази за исклучителна способност“ кај еден вработен.

- Ако имал исклучителни достигнувања, тогаш голема е веројатноста да продолжи со исто темпо во иднина - изјави Маск, додавајќи дека кога ги интервјуирал кандидатите за работа, им велел да дадат резиме за нивната кариера и да опишат како решиле некои од најтешките проблеми со кои се соочиле.

За да се осигури дека кандидатите не си земаат заслуги за нечија работа, Маск поставувал детални прашања за проблемите што тие ги кажале. Ако кандидатот не бил одговорен за решавање на проблемот, тогаш нема да ги знае одговорите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот