X
 28.01.2022 Образование

Најмеѓународни универзитети во светот според „Тајмс хајр еџукејшн“

„Тајмс хајр еџукејшн“ објави листа со најдобрите универзитети во светот во поглед на нивната меѓународна ориентираност за 2022 година.

Ранг-листата се фокусира на универзитети кои се најдобри во прекугранично поврзување, односно имаат меѓународна репутација, висок процент на меѓународни студенти и професори и имаат многу истражувања објавени во соработка со глобални партнери.

Резултатите се добиени врз основа на анкета спроведена на над 10.000 академици од целиот свет.

Најмеѓународни универзитети во светот за 2022 година

1. Универзитет на Хонгконг, Хонгконг
2. ЕТХ Цирих, Швајцарија
=3. Федерална политехничка школа во Лозана, Швајцарија
=3. Универзитет за наука и технологија во Хонгконг, Хонгконг
5. Универзитет на Оксфорд, Обединето Кралство
=6. Универзитет на Кембриџ, Обединето Кралство
=6. Царски колеџ во Лондон, Обединето Кралство
8. Национален универзитет на Сингапур, Сингапур
9. Кинески универзитет на Хонгконг, Хонгконг
10. Универзитет во Виена, Австрија

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование