X
 28.02.2019 Образование

Училиште за само еден ученик во САД

Најблиското училиште за еден ученик од Вајоминг, САД, е оддалечено повеќе од еден час возење. Во текот на студентите зимски месеци во руралната област северно од Ларами овој пат е тешко прооден, а некогаш е и невозможно да се помине.

Затоа, училишниот округ во Вајоминг одлучил наесен да отвори училиште токму за овој ученик. Станува збор за основното училиште „Коузи Холоу“, кое било активно пред околу една деценија. Тогаш во училиштето учеле 5 деца. Меѓутоа, училиштето било затворено затоа што немало доволно ученици. Сега повторно има потреба да се активира училиштето, па затоа округот се одлучил за овој чекор.

Округот ќе поднесе апликација до одделот за училишни установи во Вајоминг за да добие државни средства за повторно отворање на училиштето.

Се проценува дека ќе бидат потребни 100.000 долари годишно за трошокот за еден наставник, како и набавка на материјали, комунални услуги и поправки на објектот. Во училиштето во иднина ќе учат двајца ученици - кога братчето на сегашниот ученик ќе стигне до училишна возраст.

училиште во близина. Ова е второ вакво училиште во округот Олбани.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование