X
 28.03.2015 Живот

Лекција за привилегија од еден наставник

Дали некогаш сте помислите дека привилегијата може да се измери со близината да фрлите ѓубре во корпа за отпадоци?

Во една вежба за стимулација на учениците, еден наставник ја искористил корпата за отпадоци за да ја покаже нееднаквоста во општеството.

„Вие го преставувате населението во една земја. Имате шанса да станете богат. Се` што треба да направите е да фрлите хартија во корпата за отпадоци, додека седите на вашето место“.

Одделението научи дека е многу полесно за оние кои имаат предност (во овој случај тие што седат во предниот дел на училницата). Повеќето од овие ученици успеале да ја погодат корпата, но не сите, а само неколку ученици од крајните клупи успеале да ја погодат корпата.

„Вака изгледа привилегијата“, објасна наставниккот.

Можеби најкритичната лекција од овој експеримент беше ставот на студентите кои седат во предниот ред - тие воопшто не беа свесни за привилегијата. Се` што можеа да видат беше мала оддалеченост меѓу нив и нивната цел.

Подгответе се, бидејќи лекцијата се однесува и за вас:

„Вашата работа како ученици кои го добиваат образованието е да бидете свесни за вашите привилегии“, им рече наставникот. „И да ја искористите оваа привилегија наречена образование, да направите најдобро што можете и да постигнете големи работи, меѓутоа да не заборавите да се залагате за редовите позади  вас“.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот