X
 28.03.2021 Живот

Холанѓани ќе одат на експериментален одмор на грчки остров

Холандска фирма ќе однесе речиси 200 луѓе на осумдневен одмор во Грција кој ќе претставува експеримент. Целта е да се види дали може да се организираат туристички патувања за време на пандемијата на коронавирусот.

Одбраните среќници ќе добијат патување на Родос за 399 евра, што ги покриваат сите трошоци. Патниците нема да смеат да го напуштат одморалиштето и ќе треба да бидат во карантин до 10 дена кога ќе се вратат дома. Досега се пријавиле над 25.000 луѓе за експериментот, кој е поддржан од владата.

Инаку, холандската влада ги советува граѓаните да го одбегнуваат патувањето во странство, освен доколку е навистина потребно, барем до средината на мај. Во Холандија досега починаа најмалку 16.536 луѓе како последица од коронавирусот, а над 1,2 милион лица се заболени од Ковид-19.


Фото: Родос/Pixabay

Владата спроведува повеќе експерименти за „враќање во нормала“, како организирање тест-фестивал во близина на Амстердам.

Кога станува збор за експерименталниот одмор во Грција, ќе го организира туристичката агенција „Санвеб“. Таа нуди 187 аранжмани за лица од 18 до 70-годишна возраст. Патниците ќе бидат тестирани пред и по патувањето. Доколку некој се зарази со коронавирусот за време на патувањето, ќе мора да се изолира во хотел во Грција, но трошоците за карантинот ќе бидат покриени од туристичката агенција.

Патниците ќе добијат ексклузивен пакет за престој во одморалиште во Родос, а вработените ќе бидат единствените други лица во одморалиштето. Патниците ќе може да ги користат базените и рестораните, но нема да смеат да излезат на плажата.

Извор: bbc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот