X
 28.03.2022 Култура

Избришана сцена од новиот филм за Бетмен објаснува многу работи за филмот

Мет Ривс, режисер на најновиот филм „Бетмен“, им откри на обожавателите сцена која не е вклучена во филмот и која може да расчисти некои сомнежи поврзани со заплетот.

Имено, многу гледачи се прашуваа како Џокерот знаел за злосторствата на Ридлер ако тој бил затворен во Аркам. Но, филмот открива и дека Ридлер не бил сам таму, туку имал „пријател“. Се чини дека токму оваа избришана сцена открива за што се работи.

Сцената прикажува како Бетмен и Џокер зборуваат за Ридлер, а обожавателите веќе ја споредија со сцената на разговор на Ханибал и Кларис во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Зошто сцената беше избришана?

Морничавата средба помеѓу Бетмен и Џокер е фантастично режирана и снимена, а содржи и многу ефективни и незаборавни реплики. Џокерот тврди за Ридлер дека тој не е „никој што сака да биде некој“ и забележува дека тоа е „многу, многу лично“ и му сугерира на Бетмен дека Ридлер е неговиот најголем обожавател.

Самиот режисер во едно интервју призна дека оваа сцена ја исфрлил од финалната верзија на филмот токму затоа што е премногу интензивна и впечатлива, па се плашел дека ќе ја засени сцената на испрашувањето на Ридлер, една од најважните во филмот.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура