X
 28.04.2017 Живот

Зошто СССР не ја обелодени веднаш Чернобилската катастрофа?

Претседателот на владата на СССР Николај Ришков, кој раководел со отстранување на последиците од хаваријата во Чернобил, ги опишал за „Руска реч“ најважните моменти врзани за тој трагичен настан. 


Фото: Припјат/Wikipedia

Припјат е третиран како еден од угледните советски градови. Било престижно да се живее во него.

Платите биле високи, имало големи продавници, училишта, ресторани, болница, кино и базен. Имало и нуклеарна електрана која вработувала голем број од жителите.

Ноќта непосредно пред 26 април 1986 година,  во текот на планскиот ремонт и плански експеримент кој следел по него, во електраните одекнале две експлозии. Прво избила бетонската плоча, тешка 1000 тони, а другата во воздух исфрлила 190 тони радиоактивни супстанци. Николај Ришков морал да одговара за одлуките кои тогаш биле донесени по итна постапка. Многу од нив се уште дискутабилни.

„Добро го паметам тој ден. Беше сабота и се спремав да одам на работа кога ми се јави министерот за енергетика Анатолиј Мајорец и ми кажа дека во Чернобилската електрана дошло до хаварија, но дека не ги знае деталите. Не ни помислив дека експлодирал реактор. Почнав итно да преземам мерки. Утрото, потпишав документ за формирање на државна комисија на чело со мојот заменик. Попладнето целата комисија одржа состанок и потоа се упатија во Чернобил. Ставот беше дека Припјат треба итно да се евакуира, а јас одобрив. Подготовките траеја цела ноќ, а во недела на 27 април, ми се јавија да ми кажат дека во градот нема веќе луѓе.

Радијацијата први ја забележале Швеѓаните. Нивните сензори покажале високо ниво на радијација и заклучиле дека радиоактивните супстанци достигнале до атмосферата. Не е точно дека три дена нешто се сокривало од населението, ние дури утредента сфативме што се случува, не сакавме да шириме паника. Многумина не ни знаеја што е тоа радијација.

Бидејќи дознавме дека зоната е контаминирана, донесов одлука да се евакуираат сите луѓе во радиус од 30 километри околу Чернобил. Летавме со обични хеликоптери немавме заштита од радијацијата. Бевме само облечени во бели комбинезони и бели капи. Немавме друг избор, никој не ни помислуваше да бега. Имаше и голем број доброволци бидејќи луѓето сфатија дека се случила трагедија и дека е потребна помош. Никој со нас не делеше никакви информации, само не критикуваа. Никој не ни помогна ниту материјално.

Повикан бев како сведок на суд, бидејќи нас не третираа како виновници за трагедијата. Два месеци пред судењето имав инфаркт, но никој не ми понуди ниту да седнам во судницата. Долго ми поставуваа прашања. На крајот не можев да издржам па им реков: Како јас како претседател на владата на повеќемилионска земја можам да знам колку радијација има во некое место? Јас воопшто не бев задолжен за такви ситници. Јас донесував други одлуки. А каде бевте вие за време на трагедијата? Зошто вие како комунисти не дојдовте како сите офицери и војници и не се пријавивте како доброволци и да помогнете? Тој само замолчи и повеќе не поставуваше прашања. И денес сметам дека се беше направено како што треба“, изјавил Ришков.



Автор: Јекатерина Синељшчикова/ „Руска реч“
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот