X
 28.04.2019 Живот

Девет работи што се нормални во Америка, а ги збунуваат странците

Кога веќе со години живеете во некоја земја, сѐ ви изгледа познато и вообичаено. Сепак, аутсајдерот секогаш ќе уочи некои занимливости во обичаите и однесувањата кои ќе го збунат. Животот во САД може на многу начини да ги изненади дојденците - од купувањето храна и весници во аптека до пари без нумеричка вредност.

1. На вратите на јавните тоалети има големи дупки


Јавните тоалети во САД често ги изненадуваат странците бидејќи изгледа како да нудат многу помалку приватност за разлика од тоалетите во другите земји. Станува збор за празнините отстрана и големите дупки, кои често заземаат и четвртина од просторот за вратата.

Иако за овој проблем на интернет се расправа многу, се чини дека нема одговор зошто е така. Некои луѓе сугерираат дека поголемата дупка на дното од вратата помага во побрзото и полесно чистење на подовите, а други веруваат дека празнините постојат поради безбедносни причини и ги спречуваат луѓето да го користат тоалетот за несоодветни цели.

2. Храната доаѓа во преголеми порции

Американците сакаат огромни порции кога веќе јадат надвор од дома. Рестораните во САД се познати по сервирањето бургери потешки од еден килограм, пица со дијаметар од 50 сантиметри и други оброци кои на странците им изгледаат огромни.


3. Речиси сѐ може да биде пржено

Додека речиси секоја земја има некое пржено јадење кое е познато и вкусно, тешко дека некаде ќе имате поголем избор отколку во САД. Таму можете да го пробате речиси секој производ во пржена верзија, без оглед дали тоа е овошје, зеленчук, колачиња, кисели краставички, чоколадни работи, па дури и гуми за џвакање.

4. Повеќето монети немаат нумеричка вредност

Во повеќето земји кованиците ги добиваат вообичаените имиња според нивната вредност, која е прикажана барем на едната страна. Но, кога станува збор за американските кованици, тие своите имиња ги добиле на малку поинаков начин. Паричката од еден цент се вика пени, онаа од 5 центи се вика никел (по металот од кој е направена), 10 центи се дајм, а монетата од 25 центи се вика квартер (четвртина).

5. Цените не вклучуваат данок

Кога туристите и дојденците првпат пазаруваат во САД, најверојатно ќе бидат изненадени. Означената цена што ќе ја видите на артиклот не е конечна бидејќи не го содржи данокот што се додава на каса, а варира од држава до држава.


6. Аптеките продаваат и многу други артикли

Освен таблети, масти и производи за лична хигиена, аптеките продаваат и парфеми, козметика, списанија, па дури и играчки за деца. Многу аптеки во САД всушност работат како локални продавници во кои луѓето можат да добијат основни работи 24 часа.

7. Можете да го вратите речиси секој подарок што не ви се допаѓа

И тоа дури и ако не сте го купиле сами. Постои и Национален ден на повраток, кој обично е во јануари, кога луѓето ги враќаат божиќните подароци што не им се допаднале. За разлика од многу земји, во САД можете да ја вратите стоката дури и ако немате сметка. Многу продавници ставаат единствени кодови на предметите, па можат да ги следат, а други чуваат евиденција за продажбата во последните неколку месеци. Сепак, секој бизнис има своја политика на враќање која мора да ја проучите пред да се обидете да го вратите подарокот.

8. Даваат голем бакшиш за разни услуги

Давањето бакшиш е добар начин да им покажете на луѓето дека сте задоволни од услугите што сте ги добиле и тоа е вообичаено во многу земји. Освен на келнерите и таксистите, како што е обичај во други земји, во САД бакшиш им се дава и на водичите, фризерите, вработените во салоните за убавина...

View this post on Instagram

T I P S 😋 #tipsjar #quotes #funny #true #perth

A post shared by The Coffee Corner Como (@thecoffeecornercomo) on


9. Луѓето имаат кратки и ретки одмори

Во многу други земји луѓето уживаат во своите одмори неколку недели, а некаде и подолго од еден месец, но во САД одморот е многу пократок, па се чини дека Американците не можат целосно да уживаат во слободните денови ни кога ќе ги добијат.

Едно неодамнешно истражување покажа дека до 56 отсто од работниците не можеле да престанат да мислат на работата во текот на одморот. Тие ја проверувале електронската пошта, одговарале на повици и контактирале со канцеларијата наместо да се опуштат и да се забавуваат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот