X
 28.04.2019 Живот

Насмевката како лек - зошто е важна и кога најмногу ни помага?

Американскиот претседател Доналд Трамп во септември го насмеа американскиот народ со изјавата дека неговата администрација постигнала повеќе отколку која било администрација во историјата на неговата земја.

Трамп призна дека не очекувал ваква реакција, но дека е сосема во ред. Тоа е пример за една од многуте причини зошто луѓето се смеат.
Насмевката е форма на реализирање блискост; 30 пати сме повеќе склони да се смееме доколку сме во друштво отколку кога сме сами.

Станува збор за древна, универзална реакција што не е ограничена само на луѓето; забележана е кај многу видови животни, вклучувајќи ги и човеколиките мајмуни, па дури и глувците. Кога глувците играат или некој ги скокотка, испуштаат звук што научниците го поврзале со насмевката. Тие го користат како сигнал дека на шега се борат наместо да искажуваат вистинска агресија.

Ако глувците се однесуваат на тој начин, тогаш не изненадува тоа што луѓето ја користат насмевката на многу сложени и суптилни начини. Насмевката ја користиме за да реализираме и одржуваме социјални врски. Станува збор за надворешно изразување, а функционира и да се исклучат оние што не се дел од нашата група.

Оваа друштвена и емотивна контрола на насмевката ја прави необично моќно оружје, така што не изненадува кога знаеме дека луѓето постојано ја искористуваат, и за политички и за лични цели.

Зошто се смееме?


Смеењето е спонтана невербална вокална експресија, како вресокот. Звукот што го произведуваме кога се смееме е сличен на звукот што го произведуваат човеколиките мајмуни во играта.

За разлика од говорот, испуштањето на овој звук не подразбира речиси ниту едно движење со јазикот, вилицата или устата. Поблизок е со звукот што го произведуваат другите цицачи отколку со човечкиот говор.

Иако научниците сè уште не знаат зошто точно го испуштаме овој звук, една од претпоставките е дека е еден од најпростите начини да се произведе звукот со нашиот глас. Иако нашата употреба на насмевката со текот на времето се развивала, таа е вродена реакција - слепите и глувите бебиња исто така се смеат кога ги скокоткате.

Лично


Насмевката е важен составен дел од нашиот секојдневен живот. На пример, ако налетате на друга личност, и двајцата ќе се насмевнете. Не затоа што е смешно, туку за да си покажете дека и двајцата сте добро, дека не сте повредени и дека не сте се обидувале да се повредите еден со друг.

Насмевката е значаен дел од нашиот механизам за пребродувањето на тешките ситуации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот