X
 28.04.2020 Технологија

Илон Маск може да лансира и орбитални опсерватории

По критиките за тоа колку се светли сателитите на „Спејс Екс“, Илон Маск има ново решение за тоа како астрономите да продолжат непречено да работат.

Говорејќи на комитет на Американската национална академија на науките, инженерството и медицината, Маск сугерираше истражувачките агенции да соработуваат со „Спејс Екс“ за да лансираат нови орбитални опсерватории дури и повисоко од орбитата на сателитите од „Старлинк“. На тој начин тие ќе имаат непречена глетка додека го скенираат космосот.

Како ќе влијаат илјадниците сателити на Илон Маск врз астрономските истражувања, објаснува д-р Александар Шулевски

Сугестијата на Маск звучи како кул проект кој научниците би можеле да го поддржат.

- Многу сум возбуден за иднината на телескопи базирани во вселената кои би можеле да бидат многу големи - истакна Маск


Но, тоа е чудно разгледување на проблемот имајќи предвид дека неговата компанија, која планира да лансира десетици илјади сателити, е онаа што ја блокира глетката на астрономите.

Сега планот на Маск за минимизирање на попречувањето на научните истражувања и другите форми на набљудување на ѕвездите од страна на неговите сателити се заснова на тоа да ги направи помалку рефлективни.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија