X
 28.04.2022 Забава

Се бараат лица што ќе се маскираат како вампири за светски рекорд

Во 2011 година бил поставен рекорд на најголема група луѓе облечени како вампири. Вкупно 1.039 лица учествувале на настанот организиран од забавниот парк „Кингс доминион“ во САД. Наскоро овој рекорд може да биде соборен.

Непрофитната организација „Инглиш херитиџ“ од Обединетото Кралство ги повикува сите што сакаат да бидат вампири на еден ден да помогнат во соборувањето на рекордот. Оваа година е 125-годишнината од објавувањето на книгата „Дракула“ на Брам Стокер, па рекордот ќе се сруши во таа чест. Книгата била објавена во 1897 година, па затоа се бараат 1.897 луѓе што ќе учествуваат во настанот.


Настанот ќе се одржи во манастирот „Витби“ во Североисточна Англија, кој бил инспирација за „Дракула“. Учесниците треба да носат традиционален вампирски костум со црни панталони или фустан, црни чевли, како и наметка, но и лажни вампирски заби.

Настанот ќе се одржи на 26 мај, а влезот е бесплатен за секој што ќе биде маскиран како вампир, иако е потребна резервација за билет, која може да ја направите овде.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: English heritage
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава