X
 28.05.2019 Живот

Казна до 220 долари за наводнување на градините

Сиднеј ги објави првите големи ограничувања за вода во рамките на една деценија. Тие ќе бидат воведени за домовите и бизнисите поради рекордната суша.

Владата на Нов Јужен Велс изјави дека поголемите водни сливови во регионот на Сиднеј се едни од најниските приливи од 40-тите години на минатиот век и дека ограничувањата ќе бидат воведени од следната недела.

Домаќинствата во регионот ќе мора да бидат ограничени во потрошувачката на вода.

Луѓето во Сиднеј ќе бидат казнети до 220 австралиски долари (150 американски долари), а бизнисите до 550 австралиски долари за оставање пуштено црево со вода или користење систем за наводнување на градините.

На Австралија ѝ се случи најжешкото лето од декември минатата година до февруари.

Управувањето со водите на земјата беше жешка тема во неодамнешните избори по поморот на рибите во реката Мари-Дарлинг, која властите ја посочија како еден од базените со низок воден прилив и ниско ниво на кислород.

Научниците велат дека тешката суша, која го мачи внатрешниот дел од Источна Австралија, е смртоносна.

Сиднеј имаше ограничувања на водата во 2009 година, кога сушата траеше повеќе од една деценија во делови од земјата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот