X
 28.05.2019 Живот

Шанса што се нуди само еднаш во животот - испратете го вашето име на Марс

Иако можеби ќе поминат уште многу години пред луѓето да стапнат на Марс, НАСА ги поканува луѓето да ги испратат своите имиња на Црвената Планета во роверот што треба да тргне за Марс во 2020 година.

Имињата ќе бидат изгравирани на чиповите на роверот, кој треба да биде лансиран во јули 2020 година. Се очекува роверот да пристигне на Марс во февруари 2021 година.

Станува збор за робот што тежи повеќе од 1.040 килограми. Ќе бара знаци на живот во минатото, ќе ја карактеризира климата и геологијата на планетата, ќе собира примероци и ќе го отвори патот за истражување на Марс.

- Како што се подготвуваме да ја започнеме оваа историска мисија на Марс, сакаме сите да го искусат ова патување. Ова е возбудливо време за НАСА, како што се приближуваме до ова патување што ќе ни даде одговори на длабоки прашања за нашата соседна планета, па дури и на потеклото на самиот живот - вели Томас Зурбухен, помошник-администратор на Директоратот за научна мисија на НАСА во Вашингтон.

НАСА ќе користи електронски сноп за на силиконскиот чип да ги напише имињата со фонт помал од илјадити дел од ширината на човечко влакно. Така можат да бидат напишани еден милион имиња на еден чип со големина на паричка. Овие чипови ќе се наоѓаат под стаклената покривка на роверот.

Вашето име можете да го внесете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот