X
 28.06.2018 Живот

Македонија: Потценетата европска земја што ќе ви го подобри здравјето

Кашлате? Ви тече носот? Не можете да спиете? За брз и ефикасен лек, обидете се со Македонија. Посетата на аптеката никогаш не била повосхитувачка. Вака започнува репортажата на познатиот британски „Телеграф“ посветена на убавините на нашата земја, а со наслов „Потценетата европска земја што ќе ви го подобри здравјето“.

Авторот Пол Блумфилд својата репортажа ја започнува со Пелистер и неговите убавини, наведувајќи дека земјите од регионот, како Словенија, ги привлекуваат масите туристи, но дека е прашање на време кога тоа ќе се смени. Авторот не заборава да го спомене и македонското вино, но и Александар Македонски.

- Ах, прашањето за Алекс. На училиште веројатно ве учеле дека серискиот освојувач бил Грк – сепак, во четвртиот век пр.н.е. не постоела Грција. Не, Александар бил Македонец. Прашањето е каде точно била Македонија. Денешните Грци инсистираат дека таа била на нивна земја, барајќи нивниот сосед да се откаже од името и предизвикувајќи долготрајна препирка со поранешната југословенска република – ситуација што повторно беше на насловните страници овој месец со потпишувањето на договорот со кој земјата би можела да се преименува во Република Северна Македонија и да ги отстрани грчките противења за нејзиното членство во ЕУ и во НАТО - се наведува во репортажата.

Фото: Telegraph (screenshot)

Блумфилд потоа ги споменува и Филип Втори и Хераклеа, а репортажата продолжува кон Преспанското Езеро и Голем Град, а оттаму кон Охрид. Блумфилд потоа продолжува кон Маврово, а неговото патување завршува во Скопје.

За да ја прочитате прекрасната репортажа, кликнете тука.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот