X
 28.06.2019 Образование

Лето! Време за патувања и нови доживувања!

Летниот период е време кога навистина многу се патува. Децата се на летен распуст, родителите на годишни одмори, па заедно размислуваат за летни дестинации на езеро, море, а и на планина.
За да ви се олесни размислувањето и да откриете нешто повеќе за државата која е ваша дестинација, тука е „Просветно дело“, кое ќе ви помогне со своите изданија: Атлас на знамиња со лепенки и Географски атлас на светот.

Атласот на знамиња со лепенки е современо издание во кое се опфатени сите континенти и држави во светот, со нивните знамиња, даден е краток опис и географска посоченост на позицијата и на континентот и на државата. Текстот е кратко сиже со основни информации, а на самата страница е понудена можност да се лепат лепенките со знамињата на посочените држави на континентот.
Централно во Атласот, на 4 страници, се лепенките, кои ќе имате можност да ги лепите, а така многу полесно ќе ги совладате географските топоними и ќе имате ориентација за земјите во светот. Типувајте за саканата дестинација.

Географскиот атлас на светот е класичен атлас на светот, а тоа значи дека се вклучени сите континенти и сите држави во него. Станува збор за ексклузивно издание на „Просветно дело“ изработено со најсовремен пристап на дигитално и тематско гис-мапирање, при што се користени специјални, глобални тродимензионални (3Д) подлоги на релјефот на: копното, морското и океанското дно. Тој ќе ви овозможи запознавање на реките, планините, градовите, езерата и сè што ќе посакате да откриете од областа на географијата!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование