X
 28.06.2019 Култура

На МСУ промовирана книгата „Основи на WEB технологии“ од проф. д-р Хаџиб Салкиќ

Во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола се одржа промоција на книгата „Основи на WEB технологии“ од проф. д-р Хаџиб Салкиќ. За книгата зборуваа доц. д-р Жанета Сервини и проф. д-р Махир Зајмовиќ.

Книгата е издадена годинава и нејзината цел е да ги покаже можностите за користење на веб-технологиите од ова време и тенденцијата на развој преку неколку единици по избор на авторот. Книгата е напишана на 420 страници и опфаќа 27 теми, и дава значаен придонес во професионалната литература.

kniga

Професорот Салкиќ работи на Универзитетот „Витез“ во Босна и Херцеговина, каде што предава предмети од областа на компјутерските науки. Предава и предмети на Факултетот за информатика при Меѓународниот славјански универзитет. Има напишано повеќе од 40 научноистражувачки трудови од областа на компјутерските науки и електронскиот бизнис. Има објавено и неколку стручни книги.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура