X
 28.06.2020 Култура

Нова фотографија од снимањето на „Аватар 2“

Подгответе се да се нурнете во океаните на Пандора. Првиот дел од филмот „Аватар“ беше сместен над вода, но долго очекуваното продолжение на режисерот Џејмс Камерон ќе ги истражува подводните делови од фиктивната планета.

Досега во јавноста излегоа неколку фотографии од снимањето на „Аватар 2“, а сега имаме нова слика објавена од продуцентот Џон Ландо.



Сликата била направена од фотографот Марк Фелман минатата година за време на снимањето на продолжението на „Аватар“, а на неа се наоѓа актерот Британ Далтон.

Камерон претходно изјавил дека продолженијата на „Аватар“, кои ќе бидат четири и ќе се објават помеѓу 2021 и 2027, ќе бидат на вода, околу вода и во вода.



Во меѓувреме, продуцентот Ландо зборувал за вториот дел од филмот, откривајќи дека ликовите Џејк и Нејтири ќе имаат три деца во продолженијата. Семејството ќе биде принудено да го напушти домот и да истражува нови региони на Пандора.

Продукцијата на „Аватар 2“ треба да почне во секој момент во Нов Зеланд.

Автор: Џек Шепард
Извор: gamesradar.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура