X
 28.06.2021 Живот

На кој начин патувањето позитивно влијае врз нашето здравје?

Пеколните температури едноставно ве канат да се одморите и да се разладите во море, езеро или базен, а тоа не е луксуз туку грижа за вашето здравје.

Според научните истражувања, не станува збор само за забава и задоволство, туку одморот и патувањата го намалуваат ризикот од срцеви заболувања за 32 отсто.

Физичкото движење го намалува крвниот притисок и со тоа го подобрува кардиоваскуларното здравје. Истото важи и за мозокот. Истражувањата сугерират дека забавните искуства имаат корисен ефект врз здравјето на нашиот нервен систем. Во тие моменти мозокот се релаксира и подобро ги решава проблемите. Всушност, ако мислите на одморот, тогаш мислите ви се разбиструваат и станувате покреативни.

Запознавањето на нови луѓе и прилагодувањето кон нови ситуации отвора нови визии и луѓето стануваат посвесни и покултурни.

САД е единствената држава во светот каде што нема платен годишен одмор, а Австријците можат да се пофалат со законски минимум 22 работни дена платен одмор. Плус 13 дена платени неработни денови.

Научниците докжаат дека само еден и два дена по паутвањето, 89 отсто од луѓето доживуваат значителен пад на нивото на стрес. Лекарите дури прeпишуваат патувања за депресивните луѓе, бидејќи тоа е најдобриот природен лек.

патување
Фото: Freepik

Со оглед на тоа што стресот е придружен со несоница, нешто што е токсично за нашето ментално здравје, за време на патувањето, луѓето генерално ги немаат овие проблеми затоа што преку ден физички се заморуваат од различните активности без оглед дали станува збор пешачење или пливање. Така, лесно заспиваат навечер, а често дремнуваат и преку ден.

Се разбира, парите се неопходни за патувања, но тоа се пари што ги трошиме со најголемо задоволство.

Едно истражување покажа дека парите што ги трошите на патувања нè прават посреќни од парите потрошени за некои материјални работи.

Извор: Ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот