X
 28.06.2022 Живот

Леонардо да Винчи: Едноставноста е најголема софистицираност

Италијанскиот сликар, научник и архитект Леонардо да Винчи е еден од највлијателните уметници во историјата. Тој оставил значајно наследство во областа на уметноста, но и науката. Денес, се чини дека ниту едно име не ја симболизира Ренесансата подобро од него. Во продолжение следуваат некои од неговите најмудри мисли.


Фото: Wikipedia

- Учењето никогаш не го исцрпува умот.

- Едноставноста е најголема софистицираност.

- Има доволно време за сите оние кои добро ќе го искористат.

- Сиромаштијата е ученикот кој не го надминал својот учител.

- Одамна забележав дека успешните луѓе ретко чекаат да им се случи нешто. Тие излегуваат и им се случуваат на работите.

- Најблагородното задоволство е радоста на разбирањето.

- Постојат четири моќи: помнење и интелект, желба и алчност. Првите две се ментални, а вторите две се сензуални.

- Добро проживеаниот живот е долг.

- Здравиот разум е она што им суди на работите дадени од страна на другите сетила.

- Знаењето кое се завршува со зборови умира со брзината со кое и стигнало на светот, со исклучок на пишаните зборови.

- Како што добро поминат ден носи среќен сон, така и добро поминат живот носи среќна смрт.

- Знаењето за минатото и за местата на Земјата е украс и храна за човековиот ум.

Извор: Kurir
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот