X
 28.07.2018 Живот

Египетска зоолошка „претворила“ магаре во зебра?

Паркот „Интернешнл Гарден“ во Каиро негира дека обоила магаре за тоа да изгледа како зебра.

Обвинувањата доаѓаат откако студентот Махмоуд Сархан на неговиот фејсбук-профил“ објавил фотографии од зебрата со мали шилести уши и црна боја на лицето. Фотографиите за брзо време станаа вирални на интернет, а експертите се обидоа да дадат одговор за видот на животното.

Еден ветеринар изјави дека устата на зебрата е црна, додека нејзините црни ленти се поконзистентни и паралелни.

1
Фото: Mahmoud A Sarhan


Студентот Сархан изјави дека во зоолошката има уште две животни кои биле обоени.

Директорот на зоолошката, Мохамед Султан инсистира дека животното не е лажно.  

Ова не е првпат некоја зоолошка да биде обвинета за измама. Во 2009 година, зоолошка во Газа обоила две магариња да изгледаат како зебри, во 2012 година друга зоолошка градина во Газа ставила плишани животни поради недостаток од животни. Во 2013 година кинеската зоолошка градина во провинцијата Хенан се обидела да ги измами посетителите така што поставила тибетански мастиф куче наместо африкански лав, а во 2017 година зоолошката градина во провинцијата Гуанкси ги разочарала посетителите изложувајќи пластични пингвини. Неколку недели подоцна, уште една зоолошка градина во Гуанкси предизвикала негодување кај посетителите прикажувајќи пластични пеперутки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот