X
 28.07.2018 Живот

Најслатката работа во светот: „Нутела“ бара дегустатори

Италијанскиот произведувач „Фереро“ ја нуди најслатката работа на светот.

„Фереро“ објави оглас во кој бара 60 дегустатори кои ќе тестираат какао, лешници и други производи за производство на чоколадо. Компанијата на заинтересираните им нуди договор за пола работно време.

Работата предвидува работење два работни дена неделно во Алби, Италија. За добивање на работата не е потребно да имате претходно искуство, туку е важно кандидатот да нема алергии на било каква храна.

Избраните кандидати се обврзуваат дека до 30 септември ќе посетуваат тримесечен курс, а на крајот ќе бидат избрани 40 дегустатори на чоколадо. Тие ќе бидат поделени во две групи.

Досега „Фереро“ ја користел интерната работна сила, односно вработените,  за тестирање на своите производи. Овој пат, компанијата сака да ги вклучи и своите клиенти.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот