X
 28.07.2019 Живот

Почина актерот Гоце Влахов

По шестгодишна борба со ракот, на 70-годишна возраст, денеска почина актерот Гоце Влахов.

Влахов се смета за еден од најголемите актери на Македонија, а во својата богата кариера глумеше во повеќе филмови и серии. Публиката најмногу го знае по улогите во „Македонски народни приказни“, „Трст виа Скопје“, „Погрешно време“, „Во светот на бајките“ како и во филмовите „Сенки и „Мајки“ на Милчо Манчевски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот