X
 28.07.2022 Култура

Филм од кој се срами Леонардо ди Каприо и спречил да се емитува

„Волкот од Волстрит“ и „Фати ме ако можеш“ се дел од неверојатните филмови во богатата филмографија на Леонардо ди Каприо. Сепак, постои еден филм што тој го снимил и за кој веројатно никогаш не сте слушнале бидејќи актерот 20 години се обидува да спречи филмот да го види светлото на денот.

„Донс плам“ се смета за најлошиот филм во холивудската кариера на овој 47-годишен актер. Импровизираниот црно-бел инди филм ја раскажува приказната за група 20-годишници кои секоја сабота навечер се собираат во ресторан во Лос Анџелес за да разговараат за случките од нивните животи.

Со Кевин Коноли и Тоби Мегваер во главните улоги, филмот бил снимен за неколку дена помеѓу 1995 и 1996 година, една година пред Ди Каприо да стане светска ѕвезда благодарение на неговата улога во „Титаник“. Но, интересно е што филмот е забранет да се прикажува во САД и во Канада.

Режисерот на филмот, Р. Д. Роб, поднел тужба од 10 милиони долари против Ди Каприо и Мегваер. Во изјавите поднесени како дел од тужбата од 1998 година актерите тврдеа дека никогаш немале намера проектот што наликувал на домашна задача да стане игран филм. Исто така, тврделе дека филмот го снимиле како услуга и дека им било плаќано по само 500 долари дневно и верувале дека ќе се прикажува само на независни филмски фестивали.

Набргу по подемот на Ди Каприо, Мегваер ја доби улогата во „Спајдермен“, што го поттикнало режисерот на филмот да организира состаноци со дистрибутерите надевајќи се дека филмот ќе дојде до пошироката публика.

Актерите го блокирале прикажувањето на филмот

Но, откако актерите го блокирале прикажувањето на филмот, продуцентот Дејвид Стентман ги тужел за наводно покренување лажна и принудна кампања за да се спречи прикажувањето на филмот, тврдејќи дека се плашеле дека може да открие лични искуства или тенденции. Сепак, филмот беше објавен на интернет во 2001 година во Германија, откако не стигна до кината и доби различни критики.

Еден од продуцентите на филмот, Дејл Витли, создаде веб-страница во 2016 година и сподели линк за проследување на целиот филм на „Вимео“, но видеото беше отстрането.

- Не можам повеќе да молчам. Не можам повеќе да дозволам клеветите и лагите што ги кажавте против филмот да им наштетат на голем дел од уметниците што го создадоа. Веќе не се плашам ниту од вас ниту од вашите адвокати. Ќе зборувам со слободата што ја имам што ја дава нашиот Устав. Ќе се залагам за нашиот филм и за сите луѓе што помогнаа да се направи - рече тој тогаш.

- Повеќе не те познавам, Лео, но се надевам дека научи нешто за зачувувањето на филмот и за твојата одговорност да го заштитиш и да придонесеш за тековниот експеримент на создавање филм. Не си поголем од уметноста, Лео - додаде тој.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура