X
 28.08.2018 Образование

Експериментално училиште во Хрватска: До четири предмети неделно, есенски и пролетен распуст, нема полугодишни оценки...

Образовниот систем традиционално се смета за тежок, и тешко подлегнува на промени. Но Шестото основно училиште во Вараждин покажува дека поголемите промени, со добра подготовка, сепак се можни.

Во училиштето со 800 ученици и 60-тина наставници, од на есен, единствено во Хрватска, ќе го напушти концептот на поделба на училишната година на две полугодија. Наместо тоа, ќе бидат воведени четири образовни периоди, а после секој период, учениците добиваат одмор.

Додека учениците во Хрватска традиционално добиваат одмор во текот на пролетните, зимските и летните празници, за учениците од шестото основно училиште се воведува дополнителен - есенски одмор, како и краток одмор во втората половина на март.

училиште
Фото: Cropix


Одобрение од министерството


Наставата за сите ученици од прво до осмо одделение ќе биде организирана во четири блока: првиот од 3 септември до 26 октомври (39 работни дена), вториот од 5 ноември до 21 декември (35 дена), третиот од 14 јануари до 21 март (49 дена) и четвртиот од 25 март до 14 јуни (52 работни дена). Тоа значи дека учениците за првпат ќе одморат девет дена во текот на есенскиот одмор од 27 октомври до 2 ноември, вториот пат ќе одморат од 24 декември до 11 јануари, а третиот пат за време на пролетните празници од 18 до 26 април. По завршувањето на наставата започнуваат на летен одмор како и останатите ученици, при што после третиот образовен период, добиваат уште еден мал одмор.

-Во нашиот систем, наставната година мора да има минимум 175 дена. Следните учебни години наставата трае 180 дена, што значи дека имаме можност да користиме пет ненаставни дена. Некои училишта тоа го користат за прослава на патронатот или слично, ние тие денови ги споивме и искористивме за внесување новост, есенски одмор. На тој начин, после секој образовен период, учениците имаат одмор. Тоа ни се чини во ред, бидејќи подобро е да се имаат повеќе кратки одмори отколку претерано долги. Нашата основна цел беше да ги растеретиме учениците - вели директорот Марио Стањиќ.

За да се напушти концептот на две полугодија, училиштето мораше да побара одобрение од Министерството за образование. Со оглед на тоа што станува збор за една од 74-те училишта што влегоа во експериментален период, ја искористија можноста да отстапат од предвидениот училишен календар.

Одобрението од Министерството го добија за уште една новост со што ќе се намали оптоварувањето на учениците со бројни предмети. Бидејќи во повисоките одделенија, основните училишта имаат прилично голем број на предмети, се воведуваат нови настави со предмети во блоковите. На пример, учениците од петто одделение во првиот и третиот образовен блок ќе имаат географија, ликовно, музичко и информатика, но не и природни науки, техничка култура и историја, што ќе се изучуваат во вториот и четвртиот период. Со тоа, се намалува оптовареноста за три или четири предмети. Блок наставата се воведува од четврто одделение, така што учениците од шесто и седмо одделение ќе имаат настава без блокови.

Експеримент


За учениците од првите три одделенија, училиштата ќе организираат проектни денови во кои децата ќе имаат можност интензивно да работата на поединечен наставен предмет. Дел од учениците од четврто одделение во 1 и 3 блоковите, ќе имаат музичко, но не и ликовно, што ќе ги имаат другите два блока кога немаат музичко.

-Во осмо одделение во два непарни блока, учениците ќе имаат ликовно, музичко, информатика, географија и биологија, а во парните блокови техничко, физика, историја и хемија. Тоа значи дека осмоодделенците во два образовни блока ќе имаат пет предмети помалку, односно четири предмети помалку - објаснува Марио Станчиќ

Училиштето по спроведувањето на експериментот ќе спроведе тестирање на родителите и учениците за да провери дали се задоволни.

-На крајот ќе видиме дали експериментот е успешен. Искрено, се надевам дека е, бидејќи се чини дека станува збор за подобра организација на наставата - вели Станчиќ.

Инаку, ова не е прва новост што ја воведува училиштето. Пред неколку години, ова училиште било единствено во Хрватска што во прво одделение воведе основна хемија, техничка култура и физика како воннаставни активности. Промената резултираше во барање од учениците хемијата да се воведе во петто и шесто одделение, а сето тоа заедно резултирало со подигнување на нивото на учениците на натпреварите за најмалку 50 отсто. Минатата година, 89 ученици од ова училиште настапиле на државни натпревари од 11 области, а два ученика биле државни прваци по математика и биологија.

Учење низ игра


-Нашата примарна задача е извонредност во однос на учениците. Сакаме нивниот глас да се слушне, а предлозите да им се уважат. Од таа причина го променивме односот кон наставата од предавачка во истражувачка, организираме соработничко учење и учење низ игра. И да, воведовме еднаш неделно два школски часови за „чај со директорот“. Пиеме чај, разговараме и дискутираме за што сакаат - вели директорот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование