X
 28.08.2020 Живот

Спектакуларно видео ја прикажува елеганцијата на Амстердам

Фотографот Алберт Дрос е посветен на фотографирање пејзажи на места како Киргистан и Антарктикот, но и на неговата родна земја.

Сега, благодарение на неговото тајмлепс-видео во висока резолуција детално можете да ја видите убавината на Амстердам. Видеото било правено во период од две години и претставува оддавање почит на овој прекрасен град.

Дрос го искористил периодот кога градот бил во карантин за да го заврши филмот, но главно снимките се направени пред пандемијата.

- Со овој филм сакав да направам нешто уникатно. Сакав да создадам визуелно искуство со убавина и емоција. Сакам локалното население да биде гордо на својот град кога ќе го гледа филмот, а туристите да сакаат да го посетат - вели тој.

И снимањето и монтажата на филмот не биле лесен подвиг. Дрос проценува дека направил над 500 гигабајти снимки за две години. Она што се нашло во крајниот резултат е помалку од половина од она што го снимил. Некои посебни моменти во последната серија вклучуваат затемнување на Месечината во јануари 2019 година и снимки од годишниот Фестивал на светлината.

Од пролетните лалиња до новогодишни елки, секое годишно време нуди уникатна можност да видиме колку е посебен Амстердам во секое време од годината.

- Амстердам е еден од најубавите градови во светот. Нашиот град не е „спектакуларен“ бидејќи нема импресивни облакодери и модерни згради. Но, прекрасна е целата атмосфера со нашите прекрасни стари згради, романтични канали и сè што доаѓа со него - вели Дрос.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот