X
 28.09.2018 Живот

Резерви на крв и систем за одбрана од ракети - што сѐ има новиот автомобил на Трамп

По десет години лимузината на американскиот претседател наречена „Ѕвер“ заминува во заслужена пензија. Најновиот претседателски автомобил, исто така „кадилак“, Доналд Трамп веќе го претстави пред јавноста, пристигнувајќи со него во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Деталите за новата претседателска лимузина се оскудни бидејќи тајните служби ги кријат. Се знае само дека таа тежи меѓу седум и девет тони, додека другите карактеристики, од безбедносни причини, се држат во тајност.

Експертите за безбедност наведуваат дека автомобилот има противпожарен систем, ноќни камери, посебен систем за одбрана од ракетен напад итн.

Дизајнот на новиот „Ѕвер“ потсетува на претходниот модел, но безбедноста е крената на уште повисоко ниво, па лимузината има понапредни и непробојни стакла и некои додатоци што ги барал претседателот.

Исто така, во лимузината има и резерви на крв кои одговараат на крвната група на Трамп за итни случаи, додека распоредот на седиштата 2+3+2 е идентичен како и во претходниот модел.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот