X
 28.09.2020 Живот

Најдобрите фотографии направени со дрон за 2020 година

Со доаѓањето на дроновите фотографирањето достигна нови височини и места за кои сонува секој фотограф. И поради тоа, речиси сите ја ценат добрата фотографија од птичја перспектива.

Фотографот Адам Враденбург дава неколку корисни совети за тоа како да направите посебни фотографии со дрон. За овој вид фотографија најважни се планирањето и истражувањето. Како што вели тој, тие се од суштинско значење. Строгите закони и регулативи во некои земји се некои од причините. Второ, најдобро е да внимавате на батеријата бидејќи полнењето, особено во природа, е ограничено. Трето, треба да се тестираат границите на дронот и од аспект на висината и од аспект на опсегот. Тоа ќе ви даде подобра идеја за тоа што можете да направите со вашиот дрон. Четвртиот совет е: не летајте го дронот само високо, летајте го и ниско, што во основа значи дека не е неопходно да се има најголема надморска височина за да се добие најдобрата фотографија. И петтиот совет е да го почитувате небото.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Фото: Droneawards.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот