X
 28.09.2022 Живот

По хаосот што го создаде во Куба, ураганот Јан ѝ се приближува на Флорида

Жители на Флорида од брегот на Мексиканскиот Залив ги напуштаат своите домови поради доаѓањето на ураганот Јан, пишуваат дел од светските медиуми.

Ураганот се очекува ноќеска, со силни ветрови од 200 километри на час и обилни врнежи на дожд.

Над 2,5 милиона жители на Флорида добија предупредување или наредба за евакуација.

Националниот центар за урагани проценува дека Јан, најверојатно, ќе стигне до брегот јужно од Тампа, близу Сарасота, каде што песочните плажи и многубројните одмаралишта им се омилени места на голем број пензионери и туристи.

Бурата од трета категорија веќе ја погоди Куба и го присили населението на масовна евакуација. Куба остана целосно без струја, откако Јан го погоди западниот дел на островот.

Во мрак останаа околу 11 милиони луѓе, информира Владата.

Во невремето загинаа две лица, десетици илјади луѓе беа евакуирани и оштетени се многубројни згради низ целата земја.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот