X
 28.10.2020 Живот

Нов анимиран филм ги покажува страшните последици од индустриското производство на месо

Доцна една вечер, едно мало момче оди до кујната. Додека бара нешто за јадење во фрижидерот, го чувствува присуството на големо животно зад него. Тоа е вознемирен јагуар кој се движи низ просторијата, додека насекаде околу него има остатоци од коски од неговите претходни оброци. Кога момчето забележува дека јагуарот не претставува закана, може да комуницира со него и ја учи вознемирувачката порака што ја испраќа јагуарот.

Вака почнува краткиот анимиран филм објавен од „Гринпис“, чија цел е да ги едуцира луѓето за неконтролираното уништување на шумите што во моментов се случува во Амазонија, а кое честопати е поттикнато од големата побарувачка на месо и други производи од страна на луѓето.

Досега годинава биле изгорени околу 3,5 милиони хектари шума во Амазонија. Ситуацијата е полоша поради глобалното затоплување.


Анимираниот филм има цел да им помогне на гледачите да разберат дека нивниот секојдневен избор на храна има влијание врз егзотичните животни како јагуарот. Јадењето индустриски одгледано место ја зголемува побарувачката за системи за производство на храна што се штетни за планетата на повеќе начини, од уништувањето на шумите и емисија на јаглероден диоксид во атмосферата, до нелегално преземање на земјиштето и уништување на живеалиштата на многу животни.

Ова е систем кој не може да продолжиме да го користиме доколку сакаме да живееме во почиста и поздрава планета во иднина. Првиот чекор е градење на свеста, а овој филм може да го направи токму тоа.

Автор: Кетрин Мартинко
Извор: treehugger.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот