X
 28.11.2022 Живот

Ги советувам да пишуваат од лична перспектива, вели Стефан Симовски, ментор на учениците што учествуваа на „олимпијадата“ за есеи

Пишувањето есеј е градење и искажување аргументиран личен став по одредено општествено прашање. Особено ако ви се укаже можност да го направите тоа во светски глобални рамки и притоа жирито ве награди за вашето размислување, тоа јавно ќе одекне помеѓу младите во целиот свет, вели предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски, кој 12. година ги мотивира учениците да се вклучат во глобалниот реномиран натпревар

Лара Станчева, Тамара Ѓоќеска и Атанас Стаматовски од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје, под менторство на предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски, учествуваа на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој досега училиштето има освоено три награди.

- На меѓународниот литературен натпревар за млади годинава учествуваа околу 20.000 учесници од 152 земји со есеи на зададената тема од страна на организаторот „Моите вредности“. Последните три години, со оглед на ковид-мерките, натпреварот не само што се одржува онлајн туку и свечениот чин на врачувањето на наградите се одвива преку видеоврска. Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија, и се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји членки на УНЕСКО. Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, нѐ информира професорот Стефан Симовски.

Остатокот од текстот прочитајте го на Деца.мк


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот