X
 28.11.2022 Живот

Студентите решија сами да собираат средства за реновирање на студентските домови

Следната среда Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе организира забава на која ќе се собираат средства за реновирање на студентските домови. Имено, парите од продадените карти ќе бидат донирани за реновирање на домовите, соопштија од УСС на УКИМ.

- Ваквата иницијатива доаѓа од желбата за што е можно побрзо да бидат обезбедени финансии за подобрување на условите на нашите колеги во студентските домови. Притоа, како дел од целокупната иницијатива, УСС ќе спроведе повик до сите општествено одговорни компании кои ќе сакаат да помогнат, а на сите понатамошни настани ќе бидат поставени кутии за донации - стои во објавата на УСС.

Сепак, иницијативата наиде и на критики, па во коментарите на објавата можеше да се прочита и дека студентите не треба сами да собираат пари за реновирање на домовите бидејќи, како што беше наведено, нема да има никаков реален ефект, но и дека тоа е задача на МОН.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот