X
 28.12.2018 Економија

Американците мака мачат да најдат работници

Додека просперитетната економија е добра за повеќето индустрии, тоа е лошо за најмалку една група луѓе: регрутерите.

Според американските медиуми, денешниот пазар на труд е најоскуден од 1969 година, што предизвикува напнатост кај регрутерите.

Поради тоа што во САД има поголем број слободни работни места отколку број на луѓе што бараат работа, регрутерите во земјата се одбивани и нивните повици и пораки наидуваат на игнорирање.

Еден регрутер истакнува дека најмувањето технолошки инженер денес е најтешкото нешто уште од „дот ком“ бумот од крајот на деведесеттите.

Особено брутални за регрутерите се начините на кои ги одбиваат. На, пример, тие забележале дека има сѐ повеќе случаи кога регрутерите им помагаат на кандидатите да добијат термин за интервју, а кандидатите потоа не се појавуваат и одеднаш прекинуваат секаков контакт.

Ова следува по неодамнешниот извештај од Банката за федерални резерви во кој беше наведено дека сѐ поголем број американски работници даваат откази без да кажат во компаниите.

Други регрутери споделуваат приказни кога нивни клиенти откажуваат телефонски повици неколку минути порано и случаи кога кандидатите минуваат низ неколку нивоа, дури и пополнуваат документи и на крајот не се појавуваат на работа. Тоа значи загуби за компаниите.

- Мора некого да обвинат. За жал, тоа сум јас - вели регрутерот Крис Дав.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија