X
 28.12.2018 Живот

Ова е жената на која Американците најмногу ѝ се воодушевуваат

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, е жената на која Американците најмногу ѝ се воодушевуваат, покажуваат резултатите од ново истражување на „Галуп“.

Мишел ја презеде оваа позиција, по 17 години, од поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, која годинава го зазеде третото место. На второ место се наоѓа телевизиската ѕвезда Опра Винфри.

На четврто место е актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп, а зад неа се британската кралица Елизабета Втора и германската канцеларка Ангела Меркел.

Поранешниот американски претседател Барак Обама е прв на листата со мажи на кои Американците најмногу им се воодушевуваат веќе 11 години по ред.

Барак и Мишел Обама
Фото: МИА

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, се наоѓа на второ место, а по него следуваат Џорџ Буш Помладиот, папата Франциск и Бил Гејтс.

Анкетата, во која учествувале 1.025 лица, ја спроведе „Галуп“ во текот на овој месец, а Американците одговарале на прашањето на која жена и на кој маж во светот најмногу им се воодушевуваат. Испитувањето се спроведува секоја година од 1946, со исклучок на 1976 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот