X
 28.12.2018 Живот

Снег пред новогодишната ноќ

Новогодишната ноќ во поголемиот дел од земјата ќе биде студена, со температура под нулата. Врнежите од снег што ќе почнат од недела попладне ќе траат во текот на целиот ден в понеделник, а за време на новогодишната ноќ ќе престанат.

- Повремени врнежи од дожд и снег на пониските делови, а на повисоките и планините од снег ќе има уште од недела попладне. Врнежите од снег ќе продолжат и в понеделник, особено на северот, а ќе дува северен ветер, кој в понеделник и во вторник повремено ќе засилува. Врнежите ќе прекинат ноќта спроти вторник - информираат од УХМР.

Температурата на новогодишната ноќ ќе се движи од -3 до 3 степени. На југоистокот ќе биде во позитива, а во другите делови од земјата новогодишната ноќ ќе биде со температура под нулата.

Дневната температура ќе достигне до 8 степени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот