X
 28.12.2022 Наука

Научници сфатија зошто делфините заглавуваат во плитките води

Истражувачите од Универзитетот во Глазгов го проучувале мозокот на заринканите делфини кои умреле на брегот на Шкотска и откриле развој за кој се сметало дека е единствен за луѓето. Имено, кај неколку видови делфини биле пронајдени амилоидни наслојки - карактеристика на деменција.

Алцхајмеровата болест е болест за која се сметаше дека влијае само на луѓето и се карактеризира со губење на меморијата, нарушување на комуникацијата и неможност за извршување на секојдневните активности. Кај многу пациенти, исто така, постои зголемување на бројот на глијални клетки во централниот нервен систем, како одговор на оштетувањето. Токму овие промени се забележани кај споменатите животни, што сугерира дека и тие се најверојатно подложни на оваа дегенеративна болест.

Дали ова го објаснува необичното однесување на делфините?


Со децении научниците се прашуваа зошто некои од делфините се збунуваат и се заглавуваат во плитките води бидејќи повеќето од нив не го преживуваат овој настан. Иако основната причина за ова однесување не беше јасна, една од најпопуларните теории беше таканаречениот „болен лидер“. Според оваа теорија, доминантното животно во групата развива невролошка болест и погрешно ја насочува својата група во плитки води.

Затоа, истражувачите од Шкотска сакале да истражат каква било поврзаност помеѓу опасното однесување и Алцхајмеровата болест, а ваква можност им била укажана кога забележале група од 22 насукани животни на нивните брегови. Анализата покажала дека во повеќето случаи се видливи наслојки, но дека во три случаи биле откриени и други докази за гореспоменатата болест.

Сепак, авторите на студијата тврдат дека врз основа на ова не можат да потврдат дали некој од нив страдал од когнитивни дефицити поврзани со Алцхајмерова болест кај луѓето. Ако е така, тогаш може да се каже дека тоа е најверојатната причина зошто водачите на групите се збунуваат и ја водат својата група во плитките води.

Извор: National Geographic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука