X
 29.01.2017 Образование

Универзитетите од чии катедри дипломираат најмногу основачи на милијардерски компании

Кога станува збор за универзитети на кои дипломираат најмногу дипломирани студенти кои успеале да основаат старт-ап компании кои вредат милијарди долари, Стенфорд е апсолутен победник со дури 51 студент. Харвард е на второ место иако е доста далеку од Стенфорд, со околу 37 студенти. Универзитетот во Калифорнија со своите 10 кампуси заостанува на третото место со 17 студенти, а Индискиот институт за технологија има 13 студенти чии компании „тежат“ многу пари.

Дипломирањето на врвно училиште не е гаранција дека вашата компанија ќе биде успешна и вредна милион долари. Меѓутоа според „Sage“, британска сметководствена софтверска фирма, 172 од 498 претприемачи кои основале и ко-основале компании вредни милијарди долари, добиле диплома од 10-те врвни универзитети во светот.

Стенфорд и Харвард се отскокна даска за сите студенти кои ќе успеат да се здобијат со диплома, така што овие училишта можат да го отворат патот. Алумни мрежата на Стенфорд се наоѓа во срцето на Силициумската долина и нуди пристап до фирми кои вложуваат.

Листата не вклучува студенти кои се откажале од факултетот, како што е Марк Цукерберг, основачот на „Facebook“ кој се откажа од Харвард, меѓутоа ги зема во предвид ко-основачите Дастин Московиц и Едуардо Саверин кои имаат дипломи од Харвард. Основачот на „Snapchat“, милијардерот Еван Шпигел, исто така не е дел од листата откако замина од Стенфорд. Истата приказна е и со основачот на „Uber“, Трави Каланик, кој се отпиша од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Ова се студентите кои основале компании вредни милијарди, а имаат дипломи на најдобрите универзитети (94% од нив се мажи).

1. Стенфорд - Основачи на компании вредни милијарди: 51.

2. Харвард - Основачи на компании вредни милијарди: 37.

3. Универзитетот во Калифорнија - Основачи на компании вредни милијарди: 25.

4. Индиски институт за технологија - Основачи на компании вредни милијарди: 13.

5. Институтот по технологија во Масачусетс - Основачи на компании вредни милијарди: 10.

6. Универзитетот во Пенсилванија - Основачи на компании вредни милијарди: 9.

7. Универзитетот во Оксфорд - Основачи на компании вредни милијарди: 8.

8. Универзитетот во Тел Авив - Основачи на компании вредни милијарди: 7.

9. Универзитетот Корнел - Основачи на компании вредни милијарди: 6.

10. Универзитетот во Јужна Калифорнија - Основачи на компании вредни милијарди: 6.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование