X
 29.01.2021 Живот

Комисијата за заразни болести даде препорака угостителските објекти и понатаму да работат до 21 часот

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дала препорака да останат во сила досегашните мерки за заштита од понатамошно ширење на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата препорачала да не се менува работното време на угостителските објекти и тие да продолжат да работат до 21 часот.

- Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува исто, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите - стои во соопштението.

Од Министерството наведуваат дека во овој момент здравствената ситуација со Ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Оттаму порачуваат граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита затоа што даваат резултати.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот