X
 29.02.2020 Технологија

Естонија ќе им овозможи на граѓаните да комуницираат со владата преку дигитален асистент

Естонската влада работи на проект што ќе им овозможи на граѓаните да побараат од Сири, Алекса или кој било друг виртуелен дигитален асистент да комуницира со владините оддели во нивно име.

Естонците ќе можат да пристапат и да ги користат владините услуги со помош на дигитален личен асистент по сопствен избор, доколку се реализира најновиот проект на владата.

Оваа година владата на Естонија ќе ја однесе стратегијата за дигитални услуги на едно повисоко ниво, создавајќи мрежа на софтверски роботи од јавниот сектор преку кои може да се пристапи до виртуелен асистент по избор на граѓаните, за завршување на процесите на апликација за услугите на владата.

Бидејќи естонската влада ги прави сите свои услуги достапни на интернет, системот ќе може да има пристап до сите информации што им се потребни на граѓаните, на пример, апликациите за нов пасош.

Преку гласовно барање, виртуелниот асистент може да побара отпечаток од прст за да го потврди идентитетот или селфи што ќе се користи на документот.

estonija
Фото: Pixabay

Во иднина граѓаните ќе побараат од Сири да ги плати нивните даноци, што ќе поттикне автоматски процес кога апликациите со вештачка интелигенција ќе комуницираат едни со други во различни оддели.

Естонската влада изјави дека граѓаните ќе можат да комуницираат со владата на сличен начин како што ја користат Алекса за да пуштат одредена музика или да нарачаат храна.

Услугата не само што ќе го автоматизира процесот од граѓанинот што го контактира асистентот, туку и ќе ги контактира граѓаните кога ќе знае дека наскоро им е потребна услуга. Од владата уверуваат дека граѓаните ќе имаат целосна контрола над податоците, посочувајќи дека ќе работи само ако граѓаните побараат.

На пример, граѓаните ќе бидат контактирани од виртуелниот асистент ако нивниот пасош истекува. Виртуелниот асистент ќе порача друг, ќе направи слика за пасош преку телефонот, ќе спроведе идентификација преку отпечаток од прст и ќе се поврзе со потребните системи.

Владата соопшти дека сложеноста на јавниот сектор ќе биде подалеку од корисникот. Технологијата што е потребна за да се реализира проектот веќе постои, дури и ако бара понатамошен развој и интеграција.

Извор: Computerweekly.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија