X
 29.03.2022 Култура

Не знаете што да гледате? Нови серии кои може да ги следите

Во нашата земја неодамна стартува „Ејч-би-о макс“, платформа која има содржини од Ејч-би-о, „Ворнер брос“, Ди-си, „Картун нетворк“ и „Макс ориџиналс“. Во продолжение следуваат некои нови серии кои може да се гледаат на оваа платформа.

„Комичари“ (англ. Hacks) е наградувана хумористична серија која го истражува мрачниот менторски однос помеѓу легендарната комичарка Дебора Венс и малку разгалена 25-годишна девојка.


„Време на победа: растот на династијата 'Лејкерс'“ (англ. Winning time: the rise of the Lakers dynasty) e динамична драмска серија која ги опишува професионалните и приватни животни на играчитe на „Лос Анџелес лејкерс“.


„Миротворец“ (англ. Peacemaker) е нова серија која е продолжение на „Одредот на отпишаните“ од 2021. Џон Сина го репризира неговиот лик.


„Создадена за љубов“ (англ. Made for love) е мрачно апсурдна и цинично потресна приказна за љубовта и разделбата, направена врз основа на истоимен роман од 2017 година.


„Нашето знаме значи смрт“ (англ. Our flag means death) е нова хумористична серија која делумно е базирана на вистинските авантури на аристократ кој го напуштил привилегираниот живот за да стане пират.


„Станица единаесет“ (англ. Station eleven) е нова наградувана серија со приказна за жителите на нов свет кои се обидуваат да изградат свои животи по разорна пандемија.


„Сексуалниот живот на студентките“ (англ. The sex lives of college girls) следи четири цимерки кои студираат на престижен факултет. Овие девојки се симпатични, но и неподносливи додека го живеат својот слободен живот на кампусот.


„Таа пред мене“ (англ. The girl before) е приказна за девојка која добива можност да се пресели во прекрасна куќа која ја дизајнирал мистериозен архитект. Но станарите на куќата мора да се придржуваат до строги правила.


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура