X
 29.04.2020 Култура

Видеопорака од штипските студенти по повод Светскиот ден на танцот

Танчарите од „Скопје танцовиот театар“ заедно со студенти од штипскиот универзитет направија интересно видео со кое го честитаат денешниот Светски ден на танцот.

Во подготовката на видеото учествуваа танчарите на „Скопје танцовиот театар“ - Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса и студентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, Бобан Русески, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Исидора Краљевска, Борис Богдановски и Ивана Балабанова.

- Со видеопораката под наслов „Збор“ го одбележуваме денот кој за нас има огромно значење во овие моменти. Ги поздравуваме пораките што за оваа пригода ги упатија нашиот реномиран балетски уметник Александар Хаџиманов и Грегориј Вујани Макома, кореограф од Јужна Африка, кој испрати интернационална порака, и со ова видео на свој начин сакаме да обезбедиме и свој придонес за одбележување на овој ден - вели Рисима Рисимкин, кореограф и уметнички директор на „Танц фест“, кој денеска требаше да има затворање на шеснаесеттото издание.

Н: Честит Светски ден на танцот! Прекрасно видео на Штипските студенти

Танчерите на „Скопје танцовиот театар“, заедно со студенти од Штипскиот универзитет направија интересно видео со кое го честитаат денешниот Светски ден на танцот.
Во подготовката на видеото учествуваа танчерите на „Скопје танцовиот театар“ - Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса и студентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, Бобан Русески, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Исидора Краљевска, Борис Богдановски и Ивана Балабанова.

-  Со видео пораката, насловена „Збор“, го одбележуваме денот кој за нас има огромно значење во овие моменти. Ги поздравуваме пораките кои за оваа прилика ги упатија нашиот реномиран балетски уметник Александар Хаџиманов, како и Грегориј Вујани Макома, кореограф од Јужна Африка кој испрати интернационална порака, и со ова видео, на свој начин сакаме да обезбедиме и свој придонес за одбележување на овој ден -вели Рисима Рисимкин, кореограф и уметнички директор на Танц фест кој денеска требаше да има затворање на шеснаесетотто издание.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура