X
 29.04.2021 Економија

Ова се најплатените директори во светот

Чед Ричисон е основач и извршен директор на американската софтверска компанија „Пејком“ (англ. Paycom). Станува збор за брзорастечка компанија што нуди софтверски решенија за управување со човечки ресурси и плати во фирмите. Само минатата година акциите на компанијата пораснале за околу 70%, а во последните пет години за над 1.000%.

Ричисон лани заработил 211,1 милиони долари (10,75 милијарди денари) и бил најплатен директор во светот. Тоа значи дека Ричисон добива просечна месечна плата од околу 900 милиони денари. На второ место се наоѓа извршниот директор на „Џенерал електрик“, Лоренс Калп, со годишна плата од 73,2 милиони долари.

Најплатени 10 директори во светот во 2020 (годишна плата)

1. Чед Ричисон, „Пејком“ - 211,1 милиони долари
2. Лоренс Калп, „Џенерал електрик“ - 73,2 милиони долари
3. Џон Донахју, „Најк“ - 53,5 милиони долари
4. Шантану Нарајен, „Адоби“ - 45,9 милиони долари
5. Сатја Надела, „Мајкрософт“ - 44,3 милиони долари
6. Томас Ратлеџ, „Чартер комјуникејшнс“ - 38,8 милиони долари
7. Дејвид Геклер, „Вестерн диџитал“ - 35,7 милиони долари
8. Хамид Могадам, „Пролоџис“ - 34,4 милиони долари
9. Кевин Кларк, „Аптив“ - 31,3 милион долари
10. Семјуел Хејзен, „ХЦА хелткер“ - 30,4 милиони долари

Извори: poslovni.hr | investors.com
Фото: Чед Ричисон/paycom.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија