X
 29.05.2018 Наука

Зошто НАСА сака да се врати на Месечината после 50 години?

НАСА планира да ги врати луѓето на Месечината, место на кое веќе слетале дваесетина луѓе во периодот помеѓу 1969 и 1972 година. Зошто оваа одлука е донесена 50 години подоцна?

Според говорот на администраторот на НАСА, Џим Бриндестин, што минатата недела беше одржан во Вашингтон, Месечината ќе им овозможи на астронаутите подобро да се подготват за Марс.

- Ќе ги работиме и Месечината и Марс во тандем, а мисиите меѓусебно ќе се надополнуваат - изјави Бриндестин.

наса
Фото: Shutterstock


Месечината ни е релативно близу, па астронаутите за време на мисијата „Аполо“ до неа стигнале само два дена по полетувањето од Земјата.

Ова е особено погодно доколку дојде до несреќа, како што се случи со „Аполо 13“ во 1970 година, кога експлодирал резервоар со кислород. Наместо да се спушти на Месечината, леталото ја заобиколи и се врати на Земјата. Исто така, на Месечината може да се тестира технологијата што би можела да биде корисна на Марс, како ровер и помали алатки. Исто така, може да се побара одговор на прашањето како да се изгради населба во која астронаутите ќе бидат безбедни од надворешни услови, какви костими ќе им бидат потребни, како да се изборат против корозивната месечева прашина (реголит) што го јаде заштитниот слој на костимот.

Марс и Месечината не се совршени близнаци, но престојот на сателитот беше особено корисен со оглед на тоа дека условите на Црвената Планета се многу посурови. Марс е значително подалеку од Земјата, а на неговата површина беснеат бури и многубројни временски непогоди.

Од друга страна, денот на Марс трае речиси исто како на Земјата - 24 часа и 37 минути, а астронаутите веројатно подобро ќе се чувствуваат во психолошка смисла гледајќи пејзажи слични на оние на нашата планета.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука