X
 29.05.2021 Економија

Сѐ што треба да знаете за криптовалутата доџкоин

Доџкоин е криптовалута која започна како шега инспирирана од меме, но сега претставува сериозна конкуренција за другите криптовалути. Во моментов таа е 6. највредна криптовалута, а нејзината вредност се зголемила за 1.400 % во изминатите 12 месеци. Што ја прави оваа криптовалута поинаква од другите?

Пред сè, оваа криптовалута била создадена од софтверските инженери Били Маркус и Џексон Палмер во 2013 година за да ја исмеваат популарноста на биткоинот и на другите криптовалути во тоа време. Дигиталната криптовалута се препознава по ликот на кучето Шиба Ину од познато меме. Маркус ги продал неговите докоини уште во 2015 година, а признал за медиумите дека криптовалутата била создадена за неколку часа.

Доџкоин достигна вредност од 64 центи месецов, што е повеќе од вредноста, околу 3 центи, на тргување во поголемиот дел од втората половина од 2020 г. Вредноста на доџкоинот сега е повторно помала и се движи околу 40 центи.


Фото: Pixabay

Каква е поврзаноста помеѓу доџкоин и Илон Маск?

Не е јасно дали Илон Маск поседува доџкоини, но сигурно е заинтересиран во криптовалутата. Милијардерот пишувал за криптовалутата уште во 2019 година, изјавувајќи дека таа веројатно му е омилена криптовалута. Оттогаш повеќепати пишувал и зборувал за доџкоинот, но и за други валути, а неговите изјави предизвикувале намалување или зголемување на вредноста на овие валути.

Во меѓувреме, „Тесла“ во февруари најави дека ќе прима биткоини како валута, но овој месец Маск објавил дека компанијата сепак нема да прима биткоини поради влијанието на криптовалутата врз околината. Тој открил дека компанијата можеби ќе прима други криптовалути што трошат помалку енергија при трансакциите, а доџкоинот е кандидат.


Фото: Pixabay

Која е разликата меѓу доџкоин и биткоин?

Најголемата разлика меѓу доџкоинот и биткоинот е тоа што има неограничени количини на доџкоинот, а биткоинот е дизајниран да има ограничени количини, односно околу 21 милион единици. Затоа биткоинот би можел да се користи како и сите други средства што се ограничени, како златото.

Што претставува вредноста на еден доџкоин?

Вредноста на доџкоинот се одредува со онаа сума што некој е подготвен да ја плати за да ја посетува криптовалутата. Малку бизниси примаат доџкоин како валута, па затоа неговата вредност е одредена од пазарот и може да биде многу променлива. Сепак, вредноста на сите криптовалути е многу променлива.

Каде може да се купат доџкоини?

Инвеститорите може да купат доџкоини на берзи за криптовалути. Оваа криптовалута ја има на специјалните берзи под шифрата DOGE на апликациите „Робинхуд“, „Бајненс“, „Ви бул“ и други. На некои берзи, како „Кракен“, може да купите доџкоин со други криптовалути.

Извор: nypost.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија