X
 29.05.2022 Живот

Три намирници што ги консумираат најздравите луѓе за појадок

Луѓето што се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина јадат ограничена количина храна. Овој тип на исхрана тешко се одржува на долг рок, поради што со текот на времето повторно се дебелеат.

Од друга страна, луѓето што одржуваат здрава тежина без да се откажуваат се неисцрпен извор на информации за експертите. Експерти од Финска четири месеци ги проучувале навиките во исхраната на 147 здрави луѓе со здрава тежина.

Истражувачите предводени од д-р Ана-Лена Воринен откриле дека здравите луѓе обично јадат три вида храна за појадок.

Овошјето било најпопуларен избор за 51 отсто од испитаниците, млечни производи јаделе 41 отсто, додека овесна каша или мусли со ладно млеко избрале 33 отсто од луѓето.

Иако лебот и пекарските производи се сметаат за извор на непотребни калории, дури 32 отсто од испитаниците го започнуваат денот со овој вид храна.

hrana
Фото: Freepik

Најинтересно од сè, само 26 отсто од испитаниците признале дека пиеле кафе со појадокот, додека преостанатите (74 отсто) одат на работа и ги извршуваат своите обврски без помош од кофеин.

- Наместо ограничување на исхраната и избегнување омилена храна, прекумерната тежина или дебелеењето може да се спречи ако поединецот научи да ги слуша потребите на својот организам и дава приоритет на квалитетот и квантитетот на оброците - објаснуваат резултатите од истражувањето Ана-Лена Воринен.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот